Со исхрана без глутен до совршено тело

popara11 мај, 20143min00
2
 Омилена помеѓу познатите во Холивуд, одбегнувањето на храната која содржи глутен е одличен начин за прочистување на организмот, а воедно и губење на неколку вишок килограми.

 Доколку ја практикувате оваа диета без глутен ќе почувствувате значајно здравствено подобрување и губење на тежината (на секои 4 дена се губат од 1 до 1,5 килограми).

Менувањето на исхраната кон онаа без глутен е голема промена за вашиот организам, и ќе биде потребно време со цел да се навикнете.
Но, останете позитивни и фокусирајте се на храната која смеете да ја јадете. 

Дозволена храна

• Грав
• Свежи јајца
• Месо и риба (да не бидат маринирани или поховани)
• Овошје и зеленчук
• Повеќето млечни производи

Важно е да се осигурате дека овие прозиводи не се обработени или измешани со зрна кои содржат глутен, адитиви или конзерванси. Многу зрна можат да бидат дел од диетата без глутен:

• Леќа
• Пченка
• Лен
• Брашно без глутен (од ориз, соја, пченка, компир)
• Ориз
• Соја
• Тапиока
• Ароврот
• Сорго

Секогаш одбегнувајте

Храна и пијалаци кои содржат:

• Јачмен
• ‘Рж
• Тритикале
• Пченица

Одбегнувајте ги следниве производи, доколку не се обележани со етикета “без глутен”:

• Пиво
• Леб
• Торти и пити
• Бонбони
• Житарици
• Колачи
• Помфрит
• Имитација на месо или морска храна
• Тестенини
• Обработено месо
• Преливи за салата
• Сосови, вклучувајќи и соја сос
• Зачинети закуски, како чипс и тортилја чипсови
• Супи и чорби
• Зеленчук во сос
• Одредени жита како овес

План за исхрана без глутен:

Појадок: 1 варено јајце, 200 гр. сирење, 20 гр. леб без глутен, 200 мл. какао или чај со млеко

Појадок бр.2: 200 мл. сок

Ручек: 200 мл. супа од риба со компири и моркови, 100 гр. варена риба, 100 гр. варен компир со грашок, 100 гр. салата од зеленчук со растително масло, 20 гр. леб без глутен, 200 мл. компот од овошје

Ручек бр.2: 100 гр. сирење, 100 гр. овошна салата, 200 мл. Кефир

Вечера: 1 краставица, 100 гр. издинстано пилешко месо, 20 гр. леб без глутен, 150 гр. варен компир со грашок, 200 мл. чај со шеќер без глутен.

Пред спиење: 200 мл. јогурт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag