Овој клуч ги отвора сите брави

popara5 септември, 20141min00
Овој клуч ги отвора сите брави
Инженерите Jos Weyers и Christian Holler ја искористија токму технологија на 3D печатење со цел да направат универзален клуч кој би можел да ја отвори секоја брава. Дали овој клуч прави компромис со вашата безбедност?

Софтверот Photobump користи само една фотографија од бравата и неколку достапни информации (како што е на пример длабочината на бравата) со цел да направи клуч кој ја отклучува и најкомплицираната безбедносна брава од типот ABUS E20/E30 6-пинска. Weyers вели дека на софтверот му е доволно само ја “погледне клучалката”!

Техниката за “обивање на брава” се применува уште од 1920-тите години, а таа подразбира ставање на клуч во стандардна брава и удирање со чекан со што клиновите од бравата би влегле во самото лежиште. Благодарение на 3D печатењето, оваа состојба е значајно променета, па на овој начин е возможно да се отворат и најквалитетните безбедносни брави.

Weyers и Holler тврдат дека нивната намера не е да го пласираат овој софтвер ниту да ги научат крадците како да влезат во нечиј туѓ стан, туку да ги опоменат производителите на брави дека традиционалните брави кои денес се користат веќе воопшто не се безбедни.

Според нив, неопходни се далеку побезбедни и помодерни брави кои ќе поседуваат и електронски компоненти или компоненти кои не е возможно да се испечатат.

httpv://www.youtube.com/watch?v=PXi1hw-baQc

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag