Панама торта: Велат дека е една од највкусните на светот

popara10 јануари, 201418min00
36

Состојки:

За кора:

8 жолчки

200 гр шеќер

40 гр чоколадо

160 гр бадеми

80 гр брашно

8 белки

За фил:

4 јајца

150 гр шеќер

150 гр чоколадо

250 гр маргарин

3 лажици рум

За прелив:

100 гр чоколадо

80 гр маргарин

2-3 капки масло

Подготовка:

Жолчките се матат со шеќер на што се додава стопената чоколада, мелените бадеми, брашно и на крај снег од белки.

Кората се пече во плех врз хартија за печење околу 20 минути на 180 степени.

Кога ќе се олади, кората се сече на три дела.

За фил изматете јајца со шеќер, ставете ги на пареа, додадете чоколадо и кога филот ќе се изедначи тргнете го садот од оган и оставете да се олади.

На филот се додава рум и матен маргарин, а потоа поделете го на два дела и ставете го помеѓу корите.

За прелив стопете маргарин, тргнете го од оган, додадете чоколадо и масло и мешајте додека смесата не се изедначи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag