
Тој пред стотина свештеници раскажа како украл крст од друг свештеник и тоа од неговиот ковчег.
Папата изјави дека крстот му припаѓал на свештеник од Буенос Аирес. По смртта на свештеникот, папата аранжирал цвеќе околу неговиот гроб кога го забележал крстот во рацете на покојникот.
„Во мене се разбуди крадецот и додека го ставав цвеќето, го украдов крстот. Го погледнав мртвиот свештеник и му реков да ми даде половина од неговото милосрдие. Крстот го сокрив во џеб”, призна папата велејќи дека до денес го носи крстот.
Кога свештеникот починал, папата отишол да се моли за него и бил зачуден кога забележал дека никој не донел цвеќе на свештеникот кој им ги слушал молитвите и простувал гревовите на илјадници верници. Тој лично се погрижил околу аранжирањето на цвеќето, кога го здогледал крстот во рацете на покојникот.
„Кога ќе помислам за некого нешто лошо, посегнувам по крстот што го носам во џеб и веднаш чувствувам милост, а тоа прави да се чувствувам подобро”, изјави папата.