Состојки
- 500 г готови кори
- 35 парчиња пилешка салама (исечена на круччиња)
- 500 г кашкавал (исечкан на ленти)
- малку кисела вода
- малку презла (за похување)
- 2 јајца (за похување)
- малку сол (за похување)
Подготовка
- Готовите кори пресечете ги надолж, на пола.
- На горниот дел од кората ставете парче салама и кашкавал.
- Свиткајте ги страничните делови на кората.
- Свиткајте ја кората во форма на ролат.
- Постапката повторете ја со сите кори.
- Пирошките префрлете ги во длабок сад за печење, притоа наредете ги неоставајќи простор помеѓу нив. Налејте со кисела вода (околу 1/3 од пирошките треба да се навлажнат).
- Секоја пирошка натопете ја во изматено јајце па потоа во презла. По желба, ставете малку сол во презлата.
- Вака подготвените пирошки може:
– да ги замрзнете;
– да ги испржите во загреано масло или;
– да ги испечете; - Во добро загреана рерна, на 220 степени, печете ги околу 15 до 20 минути. Оставете малку да се оладата и сервирајте ги.
One comment
suzana
13 ноември, 2014 at 01:28
pozdrav super ste