Потребнo:
● 20г свеж квасец
● 1 лажица шеќер
● 75 мл млеко
● 100 г путер
● 200 г меко прашно
● Сол
● 2 јајца
● ½ лажица оригано
● 100 г шунка
● 25 г пармезан
● 50г зелени маслинки
Подготовка:
● Квасецот иситнете го на мали парчиња, ставете го во чаша, посипете со шеќер, залијте со топло млеко и ставете го на топло да нарасне.
● Во поголем сад ставете го стопениот путер во кој ќе го додадете брашното, солта, и добро изматете со миксер.
● Додајте ги и јајцата, ориганото, нараснатиот квасец, и сѐ заедно добро изматете.
● Оставете тестото да отстои десетина минути, па додајте ја и шунката, пармезанот и исецканите маслинки.
● Земете 2-3 лажици од смесата и распоредете на добро загреан тостер за вафли и печете ја секоја околу пет минути.
● Печените вафли послужете ги со моцарела и кечап, или салата.