
Состојки:
- 500 гр мелено пилешко месо ( можете да го купите или само да го сомеете дома)
- 2 лажици павлака
- 150 гр. кашкавал
- 50 гр. пармезан
- 50 гр. сланина
- 3 лажици лебни трошки
- 2 лажици сечкан магдонос
- половина главица ситно сечкан кромид
- 1 јајце
- масло
- сол и бибер
Подготовка:
Во еден сад добро соединете го меленото пилешко месо, изренданиот кашкавал, ситно сечканата сланина, пармезанот, магдоносот, павлаката, кромидот, живото јајце и лебните трошки.
Додадете ги зачините по вкус и убаво измесете ја смесата за да се добие изедначена маса.
Добиената смеса оставете ја да отстои 60 минути во фрижидер.
Потоа извадете ја и со раце формирајте ќебапчиња.
Пржете ги ќебапчињата на врело масло додека не поцрвенат од сите страни.