Состојки:
- 1 кг спанаќ
- 2 јајца
- Брашно по потреба
- Вегета
- Лук
Подготовка:
Измијте го, исечкајте го и малку обарете го спанаќот. Во сад ставете ги јајцата, потоа спанаќот па со рацете измешајте. Додадете ситно исечкан лук (едно чешне) и зачинете со вегета.
Измешајте, додавајте брашно (лажичка по лажичка) и мешајте додека да добиете поцврста смеса (не треба да биде прецврста).
Оставете да отстои во фрижидер околу еден час.
Потоа од смесата направете плескавици и пржете ги во врело масло.