Пилешко со кари
7 јуни, 20140
Состојки:
• масло
• 1 кромид, ситно сечкан
• 2 големи лажици кари паста
• 4 домати, сечкани
• 4 парчиња пилешки стек
• 100 гр млад спанаќ
• 4 големи лажици јогурт
• малку коријандерПодготовка:
Чекор 1: загрејте го маслото во сад за пржење (најдобро да имате сад кој не лепи и има поклопец). Додадете го исечканиот кромид. Пржете околу 3 минути, додека не омекне. Потоа се става пастата од кари и потоа пржете уште 1 минута.Чекор 2: во сад за пржење се додаваат пилешкото (исечкано на парченца), доматите и вода. Затворете го садот и оставете да се динста околу 15–20 минути. Потоа, додадете го спанаќот. На крај помешајте со јогурт и коријандер.
Се служи со ориз, печено лепче, тортилја или салата.