
Тука спаѓаат низа од состојки, почнувајќи од вештачките бои, па сe’ до конзервансите кои го спречуваат настанувањето на мувлата.
Сол – Извршниот директор на Центарот за наука во јавниот интерес, Мајкл Џејкобсон, кажува дека со намалување на вносот на сол во нашиот организам би можеле да се спасат дури и до 100 илјади животи годишно. Азодикарбонамидите кои ја разградуваат солта на материи кои можат потенцијално да бидат и канцерогени, па токму затоа со намалениот внос на сол би требало да се практикува уште веднаш. Процесот во кој производителите на храна самите го намалуваат процентот на солта во храната, е премногу бавен, па секако вие треба да внимавате на составот на намирниците.
Вештачки бои – За жал, поголемиот дел од храната која се продава на нашиот континент содржи вештачки бои, а таквите производи треба да поседуваат ознака за предупредување за ризиците поврзани со боите и хиперактивноста кај децата. Токму затоа секогаш треба да го прочитате составот на амбалажата и треба да знаете дека споменатите бои се синтетизирани од катран и нафта. Вештачките бои се присутни скоро во секој производ, најчесто во соковите, слатките, пекарските производи, пудингот, џемот, тестенините, сирењето, па дури и во лебот, замрзнатите производи, брзата храна и секако, сладоледот.
BHA и BHT – Неодоливите грицки како што е чипсот многу често се подготвуваат во растително масло, а токму тоа масло може да биде опасно за здравјето откако тие ќе се спакуваат при постапката на оксидација. Бутилираниот хидроксианизол (BHA) и бутилираниот хидрозитолуен (BHT) се антиоксиданси и конзерванси врз база на нафта кои се користат токму за да се спречи оксидацијата и за да се продолжи рокот на траење на производот. Со разградување на BHA и BHT се ослободуваат штетни канцерогени материи во нашето тело. BHA може да се смета за канцероген, но сепак сe’ уште е легално да се внесува во храната. BHA многу често се користи кај гумените и нафтените деривати и во козметичката индустрија. Него ќе го пронајдете и во фолиите за пакување, житарките, виршли, плескавиците, гуми за џвакање, маргаринот, растителните масла, козметиката, пивото и храната за животни.
Калиум сорбат – Ова е конзерванс кој го спречува развивањето на габичките и мувлата во млеката, јогуртите, сирењата, тортите и сувомеснатите производи. Тој е еден од најчесто користените конзерванси во светот.
Диметил-полисилоксан – Се работи за вештачка супстанција која се користи против пенење и згрутчување и притоа има широка примена во прехранбената индустрија. Тој е на база на силикони и го спречува пенењето на маслото, за време на пржење на помфрит но и го продолжува неговиот рок на траење. Оваа вештачка супстанца се наоѓа во скоро сите видови на прехранбени производи, па дури и во чоколадите и гумите за џвакање. Оваа материја се користи често и во козметиката, особено во шампоните за коса.
Калциум пропионат – Се работи за конзерванс кој често се додава во лебот и пецивата, бидејќи тој го спречува или го намалува растот на микроорганизми. Освен тоа, често се користи во тутунската индустрија како конзерванс. За сега се смета дека е безбеден по нашето здравје, но за да го избегнат, одредени производители на леб и пецива како замена користат пченично брашно.
Red 4 – Ова е боја храна но и за кармини. Повеќе е позната под името K-carmin, Red 4 или екстракт од инсектот cochineal. Се добива од сварени и издробени инсекти, а поради интензивно црвената боја може да се пронајде и во бомбоните и сличните производи кои се со интензивно црвена боја. Нејзиното користење е широко распространето, но сепак некои производители тврдат дека не ја користат, а во нејзина замена користат бои добиени од сок од домати.