Писмо од една мајка која го расплака и насмеа целиот Балкан!

14 април, 20140
writing_a_letter

Сандра Тодоровиќ од Сараево, на своите деца им напиша писмо во кое ги опфати речиси сите совети кои треба да им ги кажат родителите на своите деца.

“Ви ги пишувам овие редови во случај, не дај Боже, да ме удри некој скап автомобил додека ја преминувам улицата на зелено, или пак доколу ме посети оној Германецот Алцхајмер, па да заборавам кои сте и чии сте.

Пред се би сакала од се срце да ви раскажам зошто ве родив тука, а не на некое подобро место. За жал, верував дека подобри времиња доаѓаат, меѓутоа тоа не е така.

Овие колективни надежи се ужасна работа, но сепак, тие некако не одржуваат во живот и ни ја даваат енергијата да преживееме до утре. Секогаш си помислувам: ма и не е толку страшно, се има за леб и гориво, сметките ќе ги платам кога ќе имам, можат да ми го запленат само посвоеното куче и да ми го исклучат интернетот.

Ве учев да бидете чесни луѓе, да се почитувате себе си и останатите. Да помогнете кога ќе треба и да бидете племенити.

Пари не позајмувајте на никого и од никого. “Долгот не е пријател”. Пријателите едноставно ќе останат, ќе се збогувате од голем број на луѓе кои што околу вас ќе се движат во текот на животот. Оние кои што ќе останат, тие ќе ви бидат свесно одбраната фамилија, а оваа можност ја немате со најблиските.

Доколку барем малку сте на мене, луѓето ќе ве сакаат и најдете им се во добро и зло. Роднините почитувајте ги колку и тие вас. За свадба не купувајте бесмислени подароци. Секогаш давајте пари во убави коверти и потпишете се. Така ќе ве запомнат и нема да ве озборуваат.

За љубовта би можела да напишам есеј, но сепак нема. Ќе ја препознаете во моментот кога за тоа ќе дојде време, а кога тоа ќе се случи, тоа веќе е дискутабилно. Кога мене ми се случи, мислев дека срцето ќе ми пукне од убавина. Тврдам дека многу пати нешто ќе ви наликува на љубов, но тоа не е така.

Тоа е само опиеност која со текот на времето ќе помине како тежок мамурлак. Одберете некој сличен на себе и нема да згрешите. Во оваа земја во која со тешка мака ве прехранувам, нема никаков ред ни поредок.

На тоа ќе се навикнете со текот на времето и ќе го сфаќате како нормално. Бидете успешни во тоа што ќе го одберете, можеби некој ќе ангажира авион за вас, или брз воз, кога кај нас ќе го измислат.

Го доживеав бомбардирањето во Белград, ја паметам војната во Босна, бегалците, хипер инфлацијата, санкциите, сиромаштијата…

Тука децата умираат пред очите на оние кои можат да им помогнат, но не сакаат. Храна купувавме на улица, гориво од шишиња за Кока-Кола, исто така на улица. Цигари купувавме од една Ромка на плоштадот.

Тоа беа страшни времиња, но сепак беа подобри од овие сега. Тогаш имавме пари за храната од улицата, а за оваа од продавниците денес одвај наоѓаме средства. Народот сега е гладен и бесен.

Дискретен по прашање на својата беспомошност, народот молчи и чека… Што тој народ чека, тоа никој се уште не открил. Не чекајте ништо! Избегајте од тука веднаш кога ќе ви се даде можност! Нема тука ништо!

Дури ни пиво по десет часот навечер. Ниту планови подолги од задутре. Културата уште сега полека исчезнува, па кога ќе бидете постари, веројатно на местото на Народниот музеј ќе биде изграден супермаркет или паркинг.

Бидете толерантни кон оние кои се поинакви од вас. Ако некој има поинаква боја на кожата од вас или поинаква сексуална ориентација, тоа не значи дека тој е лош, туку дека само е различен. Не можеме сите да бидеме идентични.

Свеста за екологијата кај вас ја развивав уште од мали нозе. Чувајте ја околината, засадете нешто, исчистете зад себе. Верувам дека и вие, како и јас, ќе се нервирате поради сите оние кои нема да го прават тоа.

Научете ги! Сакајте и почитувајте го секое живо суштество во природата. Крзно никогаш не сум носела, но не затоа што не можев да си го дозволам, туку затоа што некако не беше фер. Слушајте исклучиво добра музика… Се знае што е добра музика!

Сине, биде внимателен кон жените, почитувај ги, никогаш немој да бидеш насилен, сето тоа ќе ти се врати со истант карма и ќе те погоди кога најмалку ќе се надеваш.

Плати ја вечерата, купи цвеќиња, па ќе добиеш се што си посакувал уште на првиот состанок. Секогаш користи презерватив и не мора да се грижиш. Свири на некој инструмент, жените тоа го сакаат.

Патувај. Биди самостоен, готви си самостојно, пеглај си ја кошулата, поправи нешто во домот. Ако седнеш на мотор, ќе се превртувам во гроб како прасе на скара. Заработи за добар автомобил, биди господин човек.

Поправи го оној плакар од баба, штета ќе биде да пропадне. Панталоните носи ги малку преку кондурите и соблекувај ги чорапите кога ќе е***.

Не прави будала од себе. Кога ќе пиеш, никогаш немој да мешаш пијалаци! Знам за што ти зборувам! Не се тепај, нека владее умот, те учев на тоа! Дрогата е зло… И коцкањето исто така! Марихуаната не е дрога!

Најголема човечка доблест е умереноста во се, па ако тоа го постигнеш, значи дека си успеал.

Научи барем два светски јазици и заврши факултет. Се надевам дека ќе смислиш нешто што ќе го промени светот, па дури и само мал дел од него. Кога жена ќе те праша дали е дебела, кажи и ја вистината. Ако рече дека е во ред, ништо не е во ред, верувај ми!

На ќерките сакам да им кажам неколку зборови важни за секоја жена. Обидете се да учите од туѓите искуства. Знам дека нема да ме послушате и дека ќе одите со главата низ ѕид, како и јас, но моја должност е да ве предупредам на тоа.

Пред да се омажите, завршете со факултетот. Ако некој од неговата фамилија ве праша што се знаете и можете да направете, кажете: ништо! Сето она што ќе го направите по оваа изјава ќе биде наградено со аплауз.

Јас тука погрешив. Не ги бричете нозете во петто одделение! Немојте тие руси коси да ги фарбате со црна боја, ве преколнувам! Бидете женствени во мера во која тоа вам ви одговара.

Не ставајте силиконски гради. Хулахопките не се облекуваат како панталони, ќе ги скинете. На чорапи ќе потрошите цело богатство… Убавината боли! Витканата коса е убава, па затоа не ја пеглајте.

Веѓите секогаш ќе ви бидат различни, без оглед на тоа колку ќе се трудите да ги направите исти.

Ставањето на туш за очи е вистинска уметност, па затоа истата совладајте ја. Ако мислите дека цела ноќ ќе можете да танцувате во штикли, знајте дека се лажете! Секогаш имајте рамни обувки во автомобилот. Не верувајте во диетите и таблетите за слабеење, тоа се глупости. Помрднете го задникот и ќе ослабете!

Мажите се едноставни. Не ги измачувајте, не ги прогонувајте, бидете мистериозни и привлечни и ќе бидете најсакани.

Не го земајте во раце неговиот телефон и не му пребарувајте по џебовите. Не плачете за мажите, тоа не е вредно. Не бидете кучки, тоа никој не го заслужува, а ПМС не е оправдување. Научете да готвите.

Љубовта доаѓа од желудникот. Никогаш, ама никогаш немојте да престанете да се занимавате со уметност.

Таа нека ви биде ѕвезда водилка. Мене ме одведе онаму каде што требаше. Ајварот е поубав во мали теглички и не се расипува. Ако ја пресолите супата, ставете два компири во неа да се варат пет минути и проблемот е решен.

На таванот имате една кутија наменета само за вас. Во неа се наоѓаат плочи, касети, дискети, видео рекордер, ЦД плеер и друг вид на касети. Пронајдете на интернет што е тоа.

Оние смешните кондури ви ги оставив за да видите колку модата во осумдесеттите била кретенска. Сребрената балска свечена тоалета е од вашата баба.

Облечете ја барем еднаш во животот. Јас го направив тоа. Има таму и едно блокче со автограми кои што ги собирав, други нешта од моето детство и неколку кристални чаши. Графиките и сликите поделете ги рамноправно, на кому што му се допаѓа.

Ако нешто заборавив, не ми замерувајте. Тешко е сите мудрости да се опфатат во неколку илјадници зборови. Ве молам, немојте да ми направите некој кретенски споменик кога ќе умрам, во облик на Мерцедес, за тоа се шегував.

Може нешто дискретно, може и некое камче од Дунав, опуштено… И да, оној вентил за вода во викендицата се затвора од обратната страна.

Бескрајно ве сакам, мама”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi