Писмо од една мајка која ја навредија зборовите упатени кон нејзиното дете со Даунов синдром!

29 април, 20140
176225

“Драги троле,
Откако почнав да пишувам за мојот син Квин и неговата болест знаев дека ќе дојде овој ден. На интернет има многу тролови кои се кријат анонимно со намера да прават сурови работи и со нивното непријателство сум се сретнала повеќе пати. Всушност, минататата недела кога беше ограбен центарот за Даунов синдром во Хјустон и кога беше украдена опрема вредна 10.000 исто така не недостигаа злобните коментари. Некој дури и се прашуваше “Како ли сега ќе научат да бројат до компир?”, друг пак изјави дека “Фрлање пари на ретардирани е глупава работа и центарот заслужено е ограбен”. Овие коментари, иако се навредливи, едноставно постојат за да го демонстрираат човечкото незнаење предизвикано од незаснована омраза и таквите луѓе не се достојни за моето време. Ми се гади кога читам, но сфаќам дека многу малку има што да се направи кај ваквите глупости.

За тебе нема да правам претпоставки, но можам да погодам од твојата незрелост дека не знаеш ништо за чувството на беспомошност на родителите кои се грижат за децата со болести. Квин беше настинат минатата недела, но до петокот веќе се чувствуваше подобро. Седнавме во паркот на сонце после училиште. Нема многу работи на светот кои се поубави од глетката на дете кое по тешка настинка ќе закрепне и повторно ќе се насмее. Токму поради тоа и направив неколку фотографии за да го прославам неговото закрепнување и ги објавив на Инстаграм со хаштаг #downsyndrome.

Сакам да гледам фотографии од такви деца кога имам време бидејќи ми се преслатки. Но ти се разбира не мислиш така бидејќи ја најде оваа фотографија и остави коментар со еден збор – грдо.

Тоа што мислиш дека моето дете е грдо тоа е една работа. Имаш право на свое мислење. Но со фактот дека намерно пребаруваш по хаштагот #downsyndrome со цел да најдеш фотографии кои ќе ги навредуваш (Квин не е единствената жртва на твоето однесување) е детски и тажно. Твојот профил е преполн со навредливи постови и изјави кои сведочат за твојата неписменост… Викаш дека се шегуваш и им порачуваш на луѓето да се смират откако ќе изреагираат. А што е со фактот дека намерно пребаруваш фотографии од нашите деца? Дали твојата омраза ја уништи прекрасната фотографија од мојот син? Тоа не е шега. Тоа напад преку интернет. Ова не е ни последен пат некој да го омаловажува мојот син бидејќи е поинаков. Нема да биде ни последен пат некој да направи шега на негова сметка, но со намера да седнеш и да ги пребаруваш ваквите дечиња за да ги навредуваш не е ни сурово. Тоа едноставно е нехумано!

Како наставник сум видела и како завршуваат децата како тебе. Изгорени од светот. Излези, прочитај книга, Дај му комплимент на некого и најважно – просветли се сам себе си, во светот веќе има доволно суровост.

Се надевам дека и моите деца ќе научат да се справат подобро, да не пишуваат вакви коментари и дека кон другите ќе се однесуваат достоинствено и со почит. Сите го заслужуваме тоа, па дури и ти.

Со почит,
Горда мајка.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi