
Еден човек вработен во Гугл добил 7 слободни денови благодарение на неговата ќерка која го трогнала шефот.
Се што сакало девојчето било нејзиниот татко да добие слободен ден за неговиот роденден, кој се паѓал во среда.
Еве што напишала:
Драг Гугл работнику:
Можеш ли те молам да се погрижиш татко ми да добие слободен ден? На пример, тоа да биде среда? Бидејќи тој единствено добива слободен ден во сабота.
П.С. Во среда е роденденот на мојот татко!
П.П.С. Знаете, лето е.
Писмото не само што стигнало до шефот, а девојчето добило повеќе отколку што очекувало. Еве што одговорил шефот на нејзиниот татко:
Твојот татко работи напорно на многу прекрасни и интересни проекти за Гугл.
По повод неговиот роденден тој ќе добие цела слободна седмица.
Секоја чест Гугл!
