Пита од стар леб
26 октомври, 20140
Состојки
- 700 г стар леб
- 500 мл млеко
- 200 г шунка
- 150 г сирење
- 2 јајца
- малку масло за готвење
Подготовка
- Лебот исечете го на коцки. Ставете го во подлабок сад. Одозгора налијте млако млеко. Оставете го лебот 10 минути убаво да впие од млекото и да омекне.
- Изрендајте сирење, исечкајте шунка и заедно со две јајце ставете ги во смесата од леб и јајца. Убаво измесете. (по желба можете да посолите)
- Тавчето за печење добро премачкајте го со масло. Истурете ја смесата и печете на 200 степени околу 40 минути.