
Безбедносните агенции при апсењето заплениле и поголема количина оружје, 97 пушки, 36 пиштоли, две гранати и еден ракетен фрлач. Гузман со години се движел само по тајни коридори под градот, кои поврзувале неколку важни локации за овој картел.
Тој во 2001 година побегнал од мексиканскиот затвор, од кога траела потерата по него. Во изминатиот период, американските и мексиканските власти, во потрагата по него, приведоа и убија голем број членови на оваа организација.
Против Гузман се подигнати повеќе обвиненија за трговија со дрога и организиран криминал во Мексико и САД, а за информациите кои би довеле до негово апсење, беше понудена награда од пет милиони долари.
Гузман во 2009 година беше вклучен во листата најмоќни луѓе во светот, а неговото богатство е проценето на повеќе од една милијарда долари.