По декади молчење куќната помошничка на Хитлер проговоре како навистина било! (видео)

popara28 април, 20141min00
28.04.elizabet-700x352

Елизабет Калхамер (89), помошничка и слугинка на Хитлер во Бергхоф, резиденцијата во која нацистичкиот водач и Ева Браун го минуваа времето, после повеќе од 70 години молк одлучи да проговори за неговите навики.

Елизабет тврди дека токму љубовницата на Хитлер, Ева Браун, била главна во Бергхоф, а послугата морала да ја поздравува исто како и самиот фирер.

Хитлер морал да држи строга диета поради проблемите со слезината, но тој често знаел да се искраде од својата соба и да ужива во чоколадни кекси. Посебно го сакал таканаречениот „Фиреров колач“, колач со јаболка, ореви и грозје.

Елизабет почнала да работи за Хитлер во 1943 година, јавувајќи се на оглас во локалните весници, но не знаела дека ќе работи за наци лидерот. Дури и нејзината мајка ја предупредувала да не ја прифаќа работата, но таа сметала дека тоа не може да го одбие откако од бирото за вработување ѝ рекле дека како тинејџерка треба да биде благодарна за понудената служба.

„Чувствував мачнина кога стигнав. Куќата беше преполна со гости, а се појави и фирерот“, изјави Елизабет додавајќи: „Брзо ми стана јасно дека ми е дозволено да размислувам, но не и да говорам во негово присуство. Оговарањето не доаѓаше во предвид, иако тоа често го правевме“.

Тврди дека Ева Браун била добра и фина спрема нив, послугата која работеше за парот.

„Се однесуваше како дама. Ги дизајнираше нашите униформи, а за Божиќ ми даде волна да ги декорирам чорапите за војниците на фронтот“, додава Елизабет.

Таа открива дека Хитлер бил опседнат со филмови и дека имал приватно кино во Бергхоф, а послугата можела да гледа само пропагандни филмови со Марика Рoк во главната улога, која Ева Браун ја обожавала.

httpv://www.youtube.com/watch?v=6mgHYEz5p-Y

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag