По секс скандалот, учениците се под истрага за самоубиството на директорот

1 декември, 20140
23
Во Словенија во изминатите неколку дена, една од главните теми е секс скандалот во едно од тамошните училишта, но и самоубиството на еден од главните протагонисти во приказната, директорот на училиштето.

Имено, од саботата Словенија е во уште поголем шок, по објавувањето на информацијата дека во Марибор својот живот си го одземал директорот на едно од тамошните училишта, откако во јавноста се појави секс скандалот во кој што тој имаше главна улога.


Словенската полиција го потврдила трагичниот настан, без дополнителни коментари, како што е вообичаено во останатите случаи на самоубиство. Меѓутоа, овој случај на самоубиство е поинаков од останатите.

Имено, станува збор за секс скандалот кој веќе десетина дена предизвикува бројни реакции во Словенија, како голем удар за тамошниот образовен систем, а целиот случај се рашири и надвор од границите на оваа земја.


Целиот случај започна кога на интернет осамна снимка од две возрасни личности во сексуален чин, а скандалот кулминирал откако биле објавени и имињата на главните протагонисти, директорот на Средното градежно училиште, Драго Каменик и професорката по математика во истото училиште, Мања Мертел.

Меѓутоа, од саботата, објавувањето на имињата повеќе не е предмет со нарушување на приватноста, пред се затоа што целиот случај веќе вклучува и смрт.


Наводно,учениците биле оние кои што го снимиле сексуалниот чин и сето тоа потоа го објавиле на социјалните мрежи, на тој начин правејќи ја снимката достапна за сите.
По објавувањето на интернет, снимката им станала достапна на сите, на колегите, на родителите на учениците, на сите останати вработени во училиштето, меѓутоа и на членовите од семејството.

Кога скандалот стигнал во јавноста, Мертел и Каменик се обиделе да се одбранат, тврдејќи дека тие двајца не се дел од снимката, дека станува збор за монтажа, а поднеле и казнена пријава против непознатата личност која што ја објавила снимката. Сепак, притисокот на јавноста и околината бил исклучително силен.

Така, професорката, веднаш по објавувањето на снимката, побарала боледување и оттогаш не се појавила во училиштето. Сега пак покојниот директор на училиштето се обидел да ја докаже сопствената и невиноста на професорката, меѓутоа сепак не успеал да го издржи притисокот.


Во словенските медиуми се појавиле информациите дека Каменик бил сопруг и родител на две деца, меѓутоа под големиот притисок, тој одлучил да си го одземе животот, откако целиот случај добил екстремни размери.

По трагичната вест за смртта на директорот, во словенската јавност на големо се дебатира околу два спротивставени ставови кои што ја продолжуваат целата оваа афера со трагичен крај.
Така, многумина се запрашуваат кој ќе одговара за фактот што снимката била објавена на интернет без одобрение на учесниците во истата и сето тоа претставува сериозно и казниво нарушување на приватноста.


Од друга страна пак, во прашање е ставена и легитимноста на образовниот систем, односно фактот дека доколку се прифати признанието дека дел од снимката се директорот и професорката, се поставува прашањето како тие можеле, смееле, односно се осудиле да се впуштат во сексуален чин во просториите на училиштето, односно во јавни простории во кои што тие би требало да претстават пред учениците професионален и морален пример.

Заговорниците на оваа теза нагласиле дека поради својот престап, Мертел и Каменик автоматски го изгубиле правото на приватност. Сега се исчекуваат резултатите од полициската истрага за личноста која што, неовластено, ја објавила снимката на интернет, а дотогаш, сите ученици се под истрага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *