
Полицијата соопшти дека била повикана во понеделникот попладне од адреса во близина на Вротам, Кент, заради загриженост за состојбата на една жена.
Жената, на возраст од 25 години, подоцна била прогласена за мртва.
„Во овој момент, смртта е третирана како необјаснива и ненадејна”, изјави портпаролот од полицијата во Кент.
Пичис Гелдоф е родена во 1989 година, а медиумската кариера ја започна на 15 годишна возраст, кога започна со пишување колумни во Elle магазинот.
Го напушти домот на 16 години и започна да пишува во Telegraph и во Guardian, како и да води ТВ шоу програми.
Исто така, работеше и како модел, а токму минатата недела присуствуваше на промоцијата на Tesco’s F&F колекцијата во Лондон.
Беше омажена за музичарот Томас Коен, со кого имаше два сина, едногодишниот Астала и Паедра, кој на 24 април ќе наполни една година.
Гелдоф ја загуби својата мајка на 11 годишна возраст. Пола Јејтс почина од предозирање во септември 2000 година.
„Се сеќавам на денот кога почина мајка ми, и се уште е тешко да зборувам за тоа. Само го потиснувам. Отидов во училиште следниот ден, оти менталитетот на мојот татко беше ‘смирено и продолжи понатаму'”, ќе прозбори Пичис за Elle магазинот во 2012 година, додавајќи дека не може да се помири со причините за смртта на нејзината мајка.
Гелдоф рече дека експериментирала со дрогите како тинејџерка, но никогаш „не откачила”.