
Како што пишува интернет изданието на магазинот Variety повикувајќи се на публицистката на актерка, Ширли Каган, Темпл починала опкружена со семејството во нејзиниот дом ноќта кон вторникот.
Ширли Темпл, легендарната холивудска актерка од 1930-те, одигра многу различни улоги уште на детска возраст, и е најмладиот добитник на наградата Оскар, во 1934 година првично Млада награда на Академијата. Зад неа останаа забележителните улоги во познатите филмови „Хајди” од 1937-та, „Малата принцеза” (1939), „Малата мис на Бродвеј” (1938), „Сиромашкото богато девојче” (1936) „Форт Апачи” (1940)

