Подалеку од нив: Егоист, Егоцентрик и Нарцис

popara26 ноември, 20141min00
13

Себичноста е онаа која лежи во основата на  егоизмот. Егоизмот во мали размери е сосема здрав за личноста, и излегува од неа по природен пат. Доказ за тоа е што неретко кога ќе се пронајдеме во судир на интереси, секогаш гледаме да го задоволиме нашиот интерес и во тоа нема ништо лошо доколку ги земаме во предвид другите (барем разгледувајќи ги последиците врз другите со задоволување на нашите потреби и интереси).

Егоистот е човек кој секогаш ги гледа своите интереси на пиедесталот , додека другите потреби за него не постојат. Тоа е една интензивирана состојба на себичноста.

Егоцентрикот за разлика од егоистот не само што ги задоволува своите потреби туку и сака да е секогаш во центарот на вниманието. Мотивот кај егоистот се своите потреби и нивно задоволување, додека мотивот кај егоцентрикот е желбата за внимание и супериорност. Егоистот може да направи потег за свој интерес и тоа да остане незабележано од другите, додека егоцентрикот прави се за да биде забележан, па дури понекогаш и не во своја полза.

Нарцисот пак е подалечна категорија од претходните две. Иако нарцисоидноста се смета за дијагноза, често во нашиот говор знаеме да кажеме за некој дека е нарцис, што не значи дека има пореметување. Нарцисот е заљубен во себе. Тој е заљубен во сликата за себе, која нереално ја има изградено. Се карактеризира со незабележување на потребите на другите (додека егоистот ги задоволува своите интереси иако ги забележал интересите на другите), величење на својата личност и постојани пофалби за самиот себе. Сличноста меѓу егоцентрикот и нарцисот е пак желбата за внимание. Разликата се состои во тоа што нарцисот живее во свој свет и нема толку голема желба за докажување како егоцентрикот.

Понекогаш овие три категории ги имаме во својата личност, понекогаш ги забележуваме кај останатите луѓе, повелете и споделете со коментар ваши искуства со егоисти, нарциси и егоцентрици.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag