
Во купот видео клипови кои секојдневно се појавуваат на Јутјуб, дел од нив стануваат хитови, но ова видео е едно од оние кои навистина го заслужуваат тоа.
Јутјуб корисникот МеџикРахат одлучил да изненади еден од локалните бездомници така што наместо пари му дал “добитно лото ливче“. Секако ливчето не било добитно, но бездомникот не го знаел тоа.
Заедно отишле до наплатниот пункт за да ги подигне парите, а она што потоа се случува трогнало многумина кои го прегледале видеото и веднаш после тоа го споделиле со своите пријатели на социјалните мрежи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=4Lki_IeM6bQ