
Според листата на најбогати луѓе што ја објави магазинот Форбс, бројот на милијардери во светот пораснал за дури 268 од кои 42 се жени.
Тоа значи дека во светот постојат 1.645 милијардери. Богатството на Бил Гејтс порасна за 9 милијади долари и тој се наоѓа на врвот на листата.
На второ место е Карлос Слим чие богатство се проценува на 72 милијарди долари. На трето место е Амансио Ортега, а потоа следува Ворен Бафет.
Најмногу милијардери во светот има во САД (492), потоа во Кина (152) и Русија (111).
Ова е листата на десетте најбогати луѓе во светот:
1. Бил Гејтс – Microsoft – 76 милијарди
2. Карлос Слим – America Movil – 72 милијарди
3. Амансио Ортега – 64 милијарди
4. Ворен Бафет – Berkshire Hathaway – 58, 2 милијарди
5. Лари Елисон – Oracle – 48 милијарди
6. Чарлс Коч – 40 милијарди
7. Дејвид Коч – 40 милијарди
8. Шелдон Аделсон – 38 милијарди
9. Кристи Волтон – Walmart – 36,7 милијарди
10. Џим Волтон – Walmart – 34,7 милијарди долари.
