
Сериската изведба на Honda NSX, што во САД се продава под името Acura, ќе има светска премиера на 12 јануари, објави јапонската компанија.
По неколку години најава и концептната верзија во 2013 година, Хонда конечно ќе ја претстави новата генерација на супер спортскиот модел NSX.
Новата Honda NSX е создадена во дизајнерското студио на Акура во Калифорнија, а ќе се произведува во Акура центарот за возила со високи перформанси во Охајо.
Хонда засега не објавува повеќе детали, но веќе е познато дека новиот модел ќе има хибриден погон составен од твин-турбо В6 бензински мотор и три електромотори.
Вкупната комбинирана моќност ќе биде над 400 коњски сили.
https://www.youtube.com/watch?v=w0RJsqrS0NY