
Страшниот облак прашина кој во петокот се појавил над главниот град на Аризона, неколку часови целосно го парализирал животот во оваа милионска метропола.
Поради песочната бура неколку часа бил затворен и аеродромот во Феникс, а без струја останале 12 000 домаќинства.
Песочните бури не се реткост во Аризона, но апокалиптични глетки како оваа не се гледаат често, поради што милионскиот град неколку часа бил пуст и парализиран.
httpv://www.youtube.com/watch?v=cYxm6jjy874