И други ѕвезди посетуваат болни дечиња, но во случајот со Тејлор Свифт тоа секогаш се претвара во целодневно дружење со малите пациенти преполно со искрена љубов.
Како поинаку да објасниме тоа што Тејлор цело неделно попладне го помина со шестгодишниот Џордан Леј Никерсон кој се лечи од повеќе тешки болести во Бостон. Храброто момче веќе преживеа операција на срце на 18 месеци а сега е потврдено дека има леукемија.
На ова дружење, Тејлор ја понесе гитарата и на својот мал другар му ја отпеа песната “We are never ever getting back togheter”, а остатокот од попладнето го поминаа играјќи хокеј, и шетајќи разговараа. Тејлот вакви посети никогаш не прави од сожалување, целта не е во тоа туку со својата појава и однесување да укаже дека се грижите за него и на тој начин да им даде на децата неверојатна сила да се борат за своето оздравување. Погледнете како таа се однесува со Џордан, како да е во прашање обично, здраво дете, а нему му е потребно баш тоа чувство, иако му претстојат многу тешки битки.
За Тејлор навистина немаме зборови – би сакале сите да научат да го почитуваат тоа што таа го прави, без оглед дали ја сакаат или не нејзината музика. Ако постои совршен начин да се користи славата, Тејлор Свифт дефинитивно знае најдобро!