
Оваа жена 7 дена секојдневно пиела по 3 литри вода, што е околу 12 чаши.
Нутриционистите и лекарите тврдат дека за да функционира оптимално организмот потребно е да се хидрира, а како магичен рецепт се истакнува – 8 чаши вода дневно.
Со цел да ја испита теоријата во пракса, новинарката Сабрина од САД направила експеримент.
После краткотрајниот експеримент вели дека се чувствувала поздрава, но и изгледала подобро.
Почнав поквалитетно да спијам, а кожата доби сјај – вели Сабрина. Останатите навики не ги менувала, подеднакво јадела но сепак намалила 1 килограм.
Водата го регулира и апетитот. Често пати јадеме мислејќи дека сме гладни, а всушност само сме дехидрирани.
httpv://www.youtube.com/watch?v=nJFFUrm2MPg