Полицаецот кој ја згрози јавноста: Би го убил повторно!

26 ноември, 20140
Полицаецот кој ја згрози јавноста: Би го убил повторно!
Полицаецот Дарен Вилсон, кој во август во градот Фергусон, со пиштол го убил невооружениот црн тинејџер Мајкл Браун, изјавил во интервју за “ABC News” дека совеста му е чиста и дека повторно би го направил истото.

Вилсон рекол дека, пред да се одлучи да го користи оружјето, се плашел за својот живот.

“Причината поради која мојата совест е чиста е бидејќи знам дека правилно ја извршував работата”, рекол Вилсон во својата прва изјава за јавноста од инцидентот кој се случил на 9-ти август.

“Не верувам дека тоа е нешто што ќе ме прогонува. Тоа е нешто што едноставно се случи”, наведува полицаецот, за кого тоа било прв пат да употреби оружје на работно место.

На прашањето од новинарот, дали истото ќе се случело доколку Браун бил белец, Вилсон одговорил: “Да, нема сомнение во тоа”.

Тој Браун го опишал како “силен човек”, споредувајќи го со кечерот Хулк Хоган и додал: “Тој тргна кон мене и сакаше да ме убие”.

Вилсон рекол дека се плашел дека Браун ќе му го одземе пиштолот, додавајќи дека делувал во самоодбрана. “Самиот се прашав – можам ли јас да го убијам овој човек? Дали е тоа во склад со законот? Одговорот кој си го дадов сам на себе беше – Морам да го направам тоа”, навел полицаецот.

Тој изјавил дека се надева дека заедно со својата сопруга набрзо ќе се вратат на стариот живот. “Ние сакаме да живееме нормален живот. Тоа е сè”, рекол Вилсон.

Убиството на Мајкл Браун предизвикало демонстрации ширум САД, откако поротата одлучила дека Вилсон нема да биде гонет кривично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi