
Кина во последно време е позната по рушење рекорди, а најновиот ни пристигнува од провинцијата Хебеи, каде локалната полиција при рутинска контрола сопрела патничко комбе во кое се наоѓале вкупно 66 лица.
Во возилото предвидено за превоз на 8 души, се наоѓале двајца возрасни и 64 деца, на возраст од 5 до 6 години.
Според извештајот, сопственикот на ова возило ги извадил задните седишта и ги заменил со 5 реда дрвени клупи. Полицијата го уапсиле сопственикот на лице место, а децата биле префрлени на сигурно.
httpv://www.youtube.com/watch?v=WmUif43OVjY