
ладата манекенка Шантел Браун Јанг, која боледува од ретко пореметување на пигментацијата, влезе во топ 14 модели кои ќе се борат за титулата „Американски топ-модел.“
19-годишната Шантел боледува од витилиго, заради што имала тежок живот. Заради бледите флеки кои го прекриваат нејзиното тело се здобила со стотици непристојни надимаци.
Меѓутоа, ова видливо заболување влијаело позитивно на кариерата на Шантел, која веќе има снимено видео спот и соработка со еден од најдобрите модни фотографи Марк Најт.