Поради реалните секс сцени Турција го забрани филмот Нимфоманка! (видео)

popara5 март, 20141min00
10

Турските власти деновиве дадоа забрана за прикажување на филмот Нимфоманка оценувајќи дека се работи за чиста порнографија, што предизвикало протести од страна на јавноста поради цензурата во таа земја.

Турската комисија соопштила дека цензурата е поради експлицитните секс сцени, како и сцените со екстремно насилство врз жените.

Филмот предизвика бројни полемики во светот, но не е цензуриран, иако некои земји размислуваа да го забрант.

Најавата за забрана на филмот во Турција предизвикала негодување особено на социјалните мрежи со коментар дека е неприфатливо да се забрани прикажување на некој филм без разлика на содржината и дека тоа би требало да се реши само со ознака 18+.

httpv://www.youtube.com/watch?v=tbJ_f-gHch4