После 50 години окован во синџири, слонот Раџу се расплакал кога го ослободиле…

popara8 јули, 20141min00
7

После 50 години злоставување во текот на кои преживеал вистинска голгота трпејќи глад, физичко малтретирање, слонот Раџу најпосле е ослободен минатата седмица во Индија.
Слонот бил врзан со синџири ден и ноќ, а често и физички злоставуван. Неговите нозе крвареле поради оковите.
Живеел од она што му го давале случајните минувачи и туристите. За да го смири остриот глад, понекогаш јадел хартија и пластика.
На неговите маки, фала му на Бога, минатата седмица им дошол крајот, кога 10 ветеринари и околу 20 полицајци надлежни за грижа на животинскиот свет го ослободиле.
Неговите спасувачи изјавиле дека слонот почнал да плаче кога го ослободиле.
Беше тоа неверојатно емотивен момент. Раџу живеел 50 години окован во ланци, 24 часа дневно и тоа навистина е безчувствително. Тој плачеше кога го ослободивме, така е јасно каква тортура преживеал. Но Раџу денес знае што значи тоа да се биде слободен. Тој повеќе не страда – изјавил потпаролот на британската организација за заштита на животните кој воедно тврди дека слоновите умеат да покажат емоции – и среќа и тага, исто како и ние луѓето.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Ou2NrtpxWTU

slon