
Откако Шумахер се разбуди од кома, повеќето експерти изјавија дека неговото опоравување нема да биде такво како што се очекуваше. Тоа за жал го потврдил и специјалистот по неурологија Ерих Ридерер.
“Ќе остане инвалид до крајот на животот, ќе биде зависен од други луѓе“, јасен бил Ридерер.
Тој додава дека Шумахер претрпел трајни оштетувања и дека ќе биде голем успех ако успее да седне без туѓа помош за три месеци и да почне самостојно да управува електрична инвалидска количка за 6 месеци.