
Ноктите најчесто се цепат кога се сечат со ножица. Затоа е подобро да користите само турпија. Ако ноктите постојано се цепат и не издржуваат контакт со тврд предмет, значи дека се „безживотни“ и им треба потхрана, тоест маснотија и влага. Внесувајте храна со повеќе витамини и минерали. Помогнете им на ноктите и надворешно со кремови и масла.
Стареење
На ноктите влијае и возраста. Тие стануваат покршливи и потврди. За да се спречат и двете појави, користете масло од бадем. Помага и растворот од топла вода во која ќе додате сецкан лук. Неколку дена по ред држете ги ноктите во растворот по 10-15 минути.
Најдобра заштита е кога по секое миење, рацете и ноктите убаво ќе се намачкаат со крема.
Нега на нокти со сок од лимон
Во сок од еден свеж лимон потопете ги врвовите на прстите и држете ги така 10 минути. Веднаш потоа добро измасирајте ги. Лимонот делува на избелување на жолти нокти и нивно зацврстување. Потоа измијте ги рацете и намачкајте ги со крем.
Нега на нокти со раствор од билки
Во топла вода растворете по една мала лажичка мајчина душичка, рузмарин и исто толку нане (свежи или суви). Држете ги врвовите од прстите во растворот 10-15 минути. Ова ги заздравува ноктите.
Нега на нокти со кромид
Исцедете го сокот од една главица кромид и ставете ги врвовите од прстите во сокот да отстојат 15 минути. Така ќе имате здрави нокти и ќе го забрзате нивното растење. Делува благотворно, но треба да знаете дека миризбата од кромидот е доста упорна, се задржува подолго време, затоа изберете погодно време за ова.