
Младата девојка од Шангај изврши самоубиство откако раскинала со својот дечко, скокајќи од прозор на својот стан.
Најтешко го прифатила фактот дека нејзиниот бивш дечко ја лажел, ветувајќи и работи кои не бил во состојба да ги исполни. Пишувала дека излегувала и со убави и со богати, но никој од нив не можел да го замани неговото место.
Не очекував дека ќе ме изневери, но сеуште го сакам – напишала на својот профил. Јас ова не можам да го заборавам, никогаш нема да го заборавам, освен ако не умрам – напишала.
На Инстаграм две седмици пред самиот чин објавувала фотографии и коментари кои укажувале дека планира да се самоубие. Но изгледа никој не ја сватил сериозно.
Таа на Инстаграм била потпишана како Џоџо Чај.
Ова е еден од нејзинитеп последни постови: Животот е толку мизерен последниве неколку дена. Сакам да заборавам се, да ги контролирам своите чувства, а не да плачам секоја ноќ. Но не можам тоа да го направам, не знам како.

