
Крис Керол, полицаец кој патролирал низ квартот во кој на 7 септември 1996 година е застрелан Тупак, прв се појавил на лице место, и сега раскажал како изгледале последните свесни моменти на Тупак.
– Во почетокот беше храбар, но потоа полека почна да го напушта силата. Ме погледан в очи, а јас го прашав кој пукаше во него. Зема здив како да беше спремен да ми одговори, а потоа ми рече: „Еби се“! Потоа почна да гргори и да губи свест. Потоа пристигна Итната помош и тој се онесвести – изјавил Керол.
Шест дена подоцна, Тупак во болница починал од последици од внатрешно крвавење.