Постапки кои не треба да ги толерирате кај партнерот

19 септември, 20140
10

Никогаш нема да најдете идеална личност. Тргнувајќи од себе (ако сте самокритични), па потоа погледнувајќи околу себе, доволно е да сфатите дека секој има недостатоци, кои и тоа како се забележуваат во врската, бидејќи ништо не може да се крие вечно.

Доколку сакате врската да успее тогаш потребно е да имате толеранција и да умеете да направите компромис, но исто така мора да имате граница. Не смеете да дозволите некој да ве третира како што сака, а особено не треба така лесно да ги прогледате следниве работи.

 Спуштање слушалка

Ова е една од најнезрелите постапки што може да ги направи возрасна личност. Кога сте тинејџери, не обрнувате внимание на овие работи, но подоцна сфаќате колкаво непочитување е некој да ви ја спушти слушалката. Немојте да премолчите вакви постапки, ако некој е доволно дрзок да ви спушти слушалка, тогаш и вие треба да сте доволно дрски и да кажете точно што мислите околу тоа.

Посесивност

Во почетокот од врската знаците дека си имате работа со посесивна личност ќе бидат ситни, дури ќе ви изгледа симпатично што некој е љубоморен поради вас. Но, тргнувајќи од тоа дека во почетокот од врската луѓето во голем дел ги кријат недостатоците, шокот ќе ви дојде подоцна кога ќе започнат забраните и деталното испрашување. Ако гледате дека имате работа со посесивна личност, таа врска тешко дека ќе опстане. Подобро ставете крај пред да почнат проблемите.

Физичко насилство

Без разлика дали е маж или жена, личност што е подготвена на насилство дефинитивно треба да ја тргнете од својот живот. Оној што се осмелил еднаш да го направи тоа, ќе го повтори при доволно голема провокација. При првиот ваков испад веднаш ставете крај, затоа што со ваквите луѓе работите можат да завршат навистина грдо и многу насилно.

Шпионирање

Се чувствувате непријатно да го оставите телефонот покрај него/неа, дури и кога треба накратко да излезете од соба? Не дека имате нешто за криење, но имате чувство дека внатре се ќе биде детално прегледано. А тука секако е и демнењето на социјалните мрежи. Добивате забелешки за вашите активности на социјалните мрежи и сигурни сте дека личноста со која сте во врска, постојано гледа што правите таму. Интересот е во ред, секој сака да знае што повеќе за личноста со која е во врска, но за тоа може да праша, наместо постојано да ве шпионира.

Понижување во јавност

Не бира пред кого ќе каже нешто за вас и не се грижи што ве става во комплетно непријатна ситуација. Постојано дофрла нешто навредливо и ве понижува. Ваквото однесување не треба да го толерирате ниту кога сте сами, не пак кога сте во друштво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş