
Кога ја замислувате вашата совршена жена, обично замислувате некоја која не е постара од триесет години. Сепак, ако ги исклучите постарите жени ќе изгубите многу. Тие имаат вештини кои помладите жени може само да ги сонуваат и имаат искуство врз кое ја градат нивната самодоверба.
Таа има сопствен живот
Со постара жена нема да имате смешен и детски проблем: како да се забавуваме 24 часа непрекинато. Нема да ви се жали дека и е досадно, дека мора да се видите, а кога ќе се видите нема да прави сцени ако таа не е во центарот на вниманието цело време.
Исто така, ќе имате многу теми за разговор бидејќи таа има повеќе искуства во животот, има некое хоби а има и интересни спомени и приказни.
Таа може да ве направи подобар
Врската со постара жена претставува учење за животот. Таа ќе ви го каже она што им треба во креветот, ќе избере ресторан каде ќе можете да излегувате и да се чуствувате пријатно, ќе ве запознае со свет за кој не сте знаеле ништо како забава, филозофија на живеење итн.
Таа може да се грижи за себе
Вие дефинитивно не сте прв во нејзиниот живот. Кога ќе излезете заедно со ваши пријатели, роднини или колеги од работа не треба постојано да се грижите за тоа дали и е досадно и дали се чувствува запоставено.
Додека имате важен разговор со некого таа нема да ви го одзема вниманието туку ќе се погрижи да не ве вознемируваат останатите присутни со тоа што ќе ги забавува со нејзиниот шарм и искуство.
Таа знае што сака а што не и не се плаши тоа да го каже!
Што се однесува за спалната соба, постои веројатност таа да пробала многу работи и може да бидете пријатно изненадени со понуда за забава во тројка или игра со филмски улоги. Се разбира, ова не важи само за сексуалниот живот, туку и за многу други работи – таа отворено ќе ви каже дали од вас очекува секс, забава или брак.
Но мнозинството жени на возраст над 35 години сакаат добар и вистински човек. Што ќе се случи понатаму со врската – времето ќе покаже.
Таа не е како другите
Постарите жени не одат во тоалет со најмалку две другарки и не седат во кафич со најмалку десет пријателки, па да не можете да дојдете блиску до неа. Таа е независна, успешна и самоуверена, па врската со неа значи дека не мора да ги трпите нејзините пријатели Маја, Јован, Аце, Милена…, нема да мора да ги поминувате ноќите слушајќи ги нивните тажни судбини, судбините на нивните пријатели, или со часови да ве замараат со тоа што ќе облечат утре за работа и што ќе му каже на екс-дечкото кој ја моли да и се врати.
Таа имала секс пред да направи профил на Фејсбук
Иако е денес тешко да се замисли животот без социјалните мрежи, човештвото успешно постоело и пред да се појават тие. Без да има Фејсбук, вашата постара жена со нејзиното вистинско лице и природна привлечност се сретнала со својот прв партнер и го искусила сексот без никаква дволичност, фотошоп или било каква маска што и помогнало да го изгради нејзиниот сопствен идентитет и вербата во себе.
Фејсбук не ја интересира премногу па нема да направи драма од тоа што не си ја прифатил за пријател и што сеуште не си напишал дека сте во врска.
Таа не зависи од вас, таа ве посакува
Таа во животот имала многу подеми и падови па може да се носи со сè. Затоа нема да се распадне на илјада парчиња и нема да се чувствува безвредно ако остане без дечко – бидејќи се познава самата и има научено како да ужива во животот.
Постарата жена има изградено сопствен живот и нема да смета на вас како дел од нејзината иднина. Таа нема да се оптоварува со тоа дали сте вработен, колку ќе заработувате и дали редовно си ги плаќате сметките, бидејќи самата таа е доволно независна, одговорна и способна да заработува за својот живот.