Постојат 4 типови темперамент: За 1 минута дознајте на која група припаѓате!

popara27 јануари, 201418min00
7

Обично тестовите за проверка на темперамент се составени од долг список со прашања. Но постојат неколку физички карактеристики и состојби кои покажуваат исто така на кој вид темперамент припаѓаме. Овој брз тест се базира токму на една ваква физичка карактеристика. За да го направите, единствено што треба е да помислите какви се најчесто вашите раце.

Топли и влажни – холерик

Топли и суви – сангвиник

Студени и суви – флегматик

Студени и влажни – меланхолик.

Колерик-(holea-жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго време траење, на лицето им се гледа што чуствуваат(екстравертно) основна емоција им е лутина и раздразливост. Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се “главни” со што ги свртуваат другите против себе. Брзо пламнуваат и таа лутина долго ја задржува и останува лут и гневен. Кога ќе започни нешто го завршува до крај

Сангвиник-(sangvis-крв), реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно основна емоција им е веселост и оптимизам. Активен е, започнова некои работи но не ги завршува до крај, лесно воспоставува контакти со многу луѓе кои најчесто се површни. Брзо пламнува а потоа може да се кае

Меланхолик-(melan hole- црна жолчка), реагираат многу бавно, но силно и долготрајно, на лицето не им се забележува што чуствуваат(интравертно), основна емоција им е тага и песимизам. Настаните длабоко ги преживува, тешко воспоставуваат контакти, но кога ќе воспостават тие се вистински пријатели. депресивно реагира. Не реагира брзо и ако некој ги навреди , таа навреда ја памти

Луѓето се најчесо со мешан тип. Освен тоа што се наследува темпераментот може да се контролира и “воспитува”. На пр. избувливите луѓе можат да “избројат до десет”, мирните да ги интензивираат своите чувства и сл.

Лесен тест, да определите, дали сте флегматик, холерик, меланхолик или сангвиник  само за 1 минута

Еве уште еден подетален опис доколку ве интересира да научите нешто повеќе за вашиот темперамент:

Флегматичен темперамент
Чувствата не преовладуваат над флегматикот брзо и не се развиваат лесно. Со други зборови кажано, кај флегматичарот душевната состојба не преминува лесно во органска. Мислите на флегматичарот не течат побавно од другите луѓе и неговиот ум може да достигне највисок развој. Межутоа тој не треба да прави големи напори, ни физички ни морални, ккао ја сочувал својата ладнокрвност. Него му е полесно од на другите да се воздржи од избрзано донесување одлуки, а пред тоа добро да не размисли за нив. Од него не може да се очекува да донесе такви решенија кои излегуваат брзо од длабоките и живи чувства, но од него може да се очекува се што можи да се постигни со упорност и стрпливост. Тој тешко се раздразнува, ретко се жали, своите маки ги поднесува трпеливо и туѓите патешествија малку влијаат на него. Тој не се одлучува брзо на склопување пријателства, меѓутоа на постоечките е доста верен. Кога треба нешто да се постигне со брзина и развивање сила за кратко време, тогаш лесно е престигнат од луѓе со други видови темпераменти, меѓутоа тој затоа попрецизно и веројатно ги постигнува долгорочните цели. Тој секогаш знае што сака и ретко се меша во работите на другите. Чест се припишува дека мрзеливоста, апатијата, безгрижноста, досадата, тешкотијата за разбирање се одлики на флегматикот, но тоа е сосема неточно, тоа се абнормални психички состојби можни за секој вид темперамент и се третираат како душевни болести.

► Колеричен темперамент
Колеричниот темперамент е одликуван со значителна сила и дејственост, енергија и упорност кога ќе се најде под влијание на одредени страсти. Неговите страсти брзо се развиваат и за најмала препрека, неговата гордост, љубомора, осветољубивост, морализирање – немаат граници кога тој е под притисок и неодоливото влијание на страстите. Тој малку размислува а брзо делува, не застанувајќи, едно затоа што смета дека е секогаш е во право, но и затоа што тоа е неговата волја. Тој тешко станува свесен за своите грешки и обземен е со страст се додека таа не го донесе до успех, сопствена пропаст или пропаст на другите.

► Сангвиничен темперамент
Кај сангвиникот основна тенденција е таа за уживање, соединување со лесно возбусливи чувства и нивно кратко траење. Тој е воодушевен од се што му е пријатно, дели многу симпатии со другите и лесно се одлучува на пријателство, но неговите склоности се непостојани и не може на него многу да се смета. Лесно е да се налути, но и лесно почнува да се кае. Голем во ветувањата, тој брзо ги заборава доколку веднаш не ги исполни. Доверлив е и лесноверен, тој сака да прави планови, но брзо ги напушта. Опростува недостатоци на други и бара истото да го рпават и другите за него. Лесно е да го смират, тој е искрен, мил, наклонет, сака друштво, неспособен за егоистички калкулации.

► Меланхоличен темперамент
Кај меланхоликот основна наклонетост е таа кон тагата. Тој лесно се возбудува, исто како и снагвиникот, меѓутоа непријатните чувства кај него траат подолго отколку тие на задоволство. Патењето и тешкотијата на другите лесно предизвикува кај него симпатија и сочувство. Тој е плашлив, неодлучен, неповерлив и лесно подлежи на се што му одговара на идеите на тие кои со него владеат. Неработењето го увредува, се му се чини дека е запоставен. Препреките на кои наидува низ животот го доведуваат до очајување, го лишуваат од енергија и го чинат неспособен да најде излез од тешкотиите. Неговите желби имаат тажна нијанса, неговото страдање изгледа неподносливо и дека не може со ништо да се ублажи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag