Потресен детаљ од големата трагедија: Ова е Моенг Ванг, најмладиот патник на малезискиот Боинг 777!

popara26 март, 20141min00
18

Веќе 18 дена целиот свет ја следи трагичната приказна за малезискиот Боинг 777 кој исчезна на 08. 03 и од тогаш се развиваат најразлични теории за судбината на патниците и екипажот.

Меѓутоа според најновите информации авионот паднал во јужниот дел на Индискиот океан, со што се угаси и последната надеж на семејствата дека нивните најмили сепак се живи.

Медиумите пренесуваат различни детали од големата трагедија, па така се објавени и фотографии од најмалиот патник, 2 годишниот Моенг Ванг.

Малиот патувал со своите родители, биле на одмор во Малезија каде сакале да “побегнат“ од загадениот воздух во Пекинг. Со малезискиот авион се враќале дома. Во авионот имало вкупно 153 патници од Кина.

boeing-777-najmadji-putnik