![17](https://popara.mk/wp-content/uploads/2014/01/17.jpg)
Трогателно видео каде е прикажано кучето кое не се дели од телото на својот мртов пријател и верно го чува… Неговиот пријател загинал од автомобил на улица во Кина, а видеото кружи низ интернет и ги насолзува очите на сите што ја прегледале содржината.
Сведоците на овој настан тврдат дека автомобилот го удрил кучето на 22 декември, а другото куче продолжило да лежи покрај безживотното тело и покрај густиот сообраќај.
Минувачите покрај нив поставиле мал знак со цел да се избегне уште една несреќа, а кучето од видеото останало да лежи покрај мртвиот пријател цела ноќ.
Сопственикот на ресторанот од спротива ден подоцна го закопал мртвото куче, а верниот пријател го следел цело време.
httpv://www.youtube.com/watch?v=rK1rQfIFWW8