Поубави сме со шминка или без?

19 ноември, 20140
3

21-годишната студентка Brinton Parker, инспирирана од генерацијата на “selfies”, решила да направи еден експеримент. Секој ден документирала како се менува нејзиниот изглед во зависност од количината на шминка на лицето, а со тоа и како се менуваат реакциите на луѓето, односно начинот на кој ја гледаат и се однесуваат кон неа. ,,Поради тоа што сум отворена личност, колегите од факултет и пријателите беа расположени да го коментираат мојот изглед”, рече Brinton, која овие слики ги објавувала на Твитер и на Инстаграм.

2

Првиот ден, Brinton излегла од дома без шминка и била прилично нервозна бидејќи никогаш досега не излегла така. Се изненадила од коментарите на луѓето кои ја прашувале каде била излезена цела ноќ и дали ѝ треба кафе да се отрезни.

3

Следниот ден, Brinton ставила малку шминка, слично на нејзиниот природен изглед. Нејзината секојдневна рутина подразбира коректор, пудра, маскара, моливче, руменило и лабело. На овој ден добила највеќе позитивни реакции, а најмногу комплименти ѝ дале девојки.

4

На третиот ден од експериментот Brinton се нашминкала впечатливо. Како што очекувала, ваквиот изглед највеќе ѝ го пофалиле мажите. Но, луѓето претежно ја прашувале за каков посебен настан се средила.

,,Убаво е да се дотераш без посебна причина, за секој ден. Се чувствував како Бијонси”, рекла Brinton. Иако начинот на кој изгледала влијаел на коментарите на луѓето, Brinton не сака тоа да влијае и на неа.

,,Коментарите и мислењата на другите се само нивни мислења. Она што тие го мислат за моето лице не ми е важно, бидејќи начинот на кој се шминкам треба да влијае само на мене и на мојата самодоверба”, заклучила Brinton.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş