Поучна приказна: Слушај го само срцето, се останато е заблуда!

popara3 април, 20141min00

Ако ја бараш вистината, само срцето и твојот внатрешен глас знаат кој е вистинскиот пат. Не дозволувај никој да го промени правецот во кој се движиш. Така само ќе се изгубиш во големиот лавиринт наречен живот и никогаш нема да стигнеш до целта. Прочитајте ја приказната која ќе ви покаже зошто е толку вашно да го слушате вашиот внатрешен глас. Се друго е заблуда…

Еден ден, една млада девојка која имала 16 години, откако слушнала од нејзините родители за Бога, се одлучила да оди во црква.
Но, непријателот го видел тоа па во лик на стара жена се појавил пред девојката и започнала да ја прашува:
“ Каде си тргнала девојче? “
А таа одговорила: “Сакам да одам во црква и да се помолам на Бога.“
Но, старата жена почнала да ја разубедува:
“Што ќе правиш ти во црква, таму се само стари луѓе.“
Така девојката почнала да се предомислува и се вратила дома.
После неколку години, на истата девојка, која повеќе и не била девојка туку жена која имала 40 години, и се појавил истиот копнеж во срцето да оди во црква за да се обрати на Бога.
Но, и овој пат, непријателот се “погрижил“ за тоа.
Одејќи жената кон црквата, повторно била пресретната од непријателот кој бил во лик на стара жена, и повторно почнала љубопитно да ја прашува, каде тргнала.
Таа пак одговорила:
“Одам во црква да се помолам на Бога“, но старата жена ѝ рекла: “Што ќе правиш во црквата млада жено? Ти си сега во најубавите години , треба само да уживаш во животот.“
И овој пат разубедувањето успеало, па жената се вратила дома.
Кога остарела и наполнила 80 години, и кога едвај можела да се движи, еден ден повторно се одлучила да оди во црква.
Сепак на непријателот и ова не му се допаѓало, па овој пат се појавил пред неа во лик на млада жена која почнала да прашува:
“Каде си тргнала бабо?“
Старата баба и одговорила: “Еве појдов во црква да се покајам и да се помолам на Бога“.
А на ова младата жена (преправениот непријател) ја разубедувала:
“што би правела ти вака стара и изнемоштена, бабичке во црквата, па таму се само млади луѓе“.
И така и овој пат му успеало на непријателот да ја разубеди и таа се вратила дома.
После неколку месеци починала и никогаш не успеала да се обарати на Бога.
Така е и со секоја личност. Непријателот преку разни искушенија, секојдневно и на разни начини се обидува да ја спречи секоја една душа да се обрати кон Исуса.
Секоја душа за себе одлучува по кој пат ќе оди, по патот на непријателот или по патот на животот и вистината, патот кон Бога.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag