Повторно Џеј Ло ги засени колешките на црвениот тепих

popara24 ноември, 20142min00
8
Можеби покрај неа на црвениот тепих се појавиле огромен број на помлади атрактивни познати убавици, меѓутоа во нејзино присуство, сите останати “паѓаат во сенка”.

Имено, атрактивната музичка дива Џенифер Лопез, со своето последно појавување во јавноста, докажала дека со своите 45 години може да се пофали со беспрекорен изглед на кој сите останати завидуваат и воздивнуваат.

 


На црвениот тепих на музичките награди ”American Music Awards”, речиси сите очи и објективи на фоторепортерите биле насочени токму кон Џенифер Лопез, која, појавувајќи се во свечена тоалета со интересен крој, го покажала својот рамен и затегнат стомак.

Мајката на близнаците Макс и Ема подоцна ги воодушевила присутните и директно од сцената, приредувајќи вистински спектакл во придружба на младата австралиска раперка Иги Азела, пишува ”Daily Mail”.

 

https://www.youtube.com/watch?v=CcTcIMgvF64

Во продолжение погледнете дел од синоќешната атмосфера на церемонијата на доделувањето на Американските музички награди, на која што присуствувале огромен број на славни личности од светот на музиката.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag