Ви ја претставуваме албанската Мадона

24 ноември, 20140
7
Доколку до синоќа била помалку позната, по нејзиното појавување на црвениот тепих на Американските музички награди, светот сигурно многу повеќе се интересира за Блеона.

Имено, Блеона Черети, попозната само како Блеона, ја шокирала јавноста со своето појавување на синоќешните “American Music Awards”. Така, триесет и петгодишната пејачка се појавила “облечена” само во мрежест долг фустан, а под него имала само мини гаќички и “налепници” за градите.


Покрај тоа што се занимава со пеење и соработува со познати светски продуценти, како што е на пример Тимбеленд, пејачката со потекло од Албанија, учествува и во реалното шоу “Euros Of Hollywood”.


Магазинот ”NewYork Daily News” ја претставил Блеона како “албанската Мадона”, меѓутоа многумина коментираат дека таа се обидела да ја копира Ријана, која неодамна се појави на црвениот тепих во слично издание.

Како и да е, во продолжение погледнете зошто Блеона го привлекувала вниманието на синоќешното доделување на музичките награди.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi