
Рон Џереми (61) се наоѓа на ТОП 50 листата на порно ѕвезди на сите времиња, а дел од своето богато искуство одлучил да го сподели со сите.
Познатиот порно глумец Рон Џереми (61) има неколку корисни совети за жените, за тоа што навистина ги возбудува мажите, а што ги одбива. Доколку не сте знаеле, Рон спиел со повеќе од 4000 жени и е на листата “Топ 50 порно ѕвезди на сите времиња“ и за неговото искуство воопшто не треба да се дискутира.
Не спомнувајте друго момче
“Доколку видам дека жената, додека е со мене, праќа пораки на друг маж или видам машки парфем во купатило на некоја жена, тоа ме одбива“ – вели Рон.
Спомнување на друго момче и не е добра идеја, за претходните момчиња и да не зборуваме. Тоа што навистина им смета на мажите е имплицирање на присуство на друг маж.
Бидете скромни
“Девојка која е добра во кревет вообичаено не го истакнува тоа“ – вели Рон. Фалењето е компензација за недостатоците. “Повлечените и скромни жени се многу попривлечни за мажите, од тие подиректните, кои се трудат повеќе да се истакнат“ – додава порно глумецот.
Обрнете внимание за она што мажите го сакаат
“Некои мажи сакаат подоминантни жени, некои пак, не. Обрнете внимание на она што го возбудува, на работите што му се допаѓаат, како и на тие што не му се допаѓаат“ – кажува Џереми.
Сексот треба да биде природен
“Истото правило важи дури и за моите филмови. Не коментирајте премногу додека водите љубов и дишете природно. Доколку жената во текот на сексот прави повеќе гримаси, тоа е повеќе од очигледно. Изгледа дека премногу се труди за да остави впечаток. Можеби понекогаш жените во текот на сексот имаат необичен израз на лицето, но природен, а тоа дури и повеќе ги возбудува мажите бидејќи навистина сакаат да гледаат како жената ужива“ – потврдува порно глумецот.
Ентузијазам
“Повеќето од мажите ќе се сложат со тоа дека попрво би се одлучиле за ентузијазам отколку за привлечност. Би одбрале девојка која е возбудлива, отколку онаа која изгледа преубаво секој ден во неделата. Мажите препознаваат кога жената прави нешто само за да им се допадне и тоа не им е возбудливо“ – заклучува Рон Џереми.