
Знаете ли што сакате во животот, односно дали сте задоволни како сега стојат работите и на каде се движат? Обидете се да одговорите на овие прашања и на тој начин самите ќе си помогнете за да ја одредите насоката.
Не постои погрешен или точен одговор на овие прашања, тие го даваат вашиот личен суд и начинот на кој се чувствувате.
1. Што е полошо – да доживеете неуспех или никогаш да не се обидете да ја реализирате целта?
2. Ако сите велат дека животот е краток, тогаш зошто правите толку многу работи кои не ви се допаѓаат?
3. Ако просечниот животен век на човекот изнесуваше 50 години, дали ќе го променевте начинот на живот?
4. Да можете да дадете совет на личност која тукушто дошла на овој свет, што ќе и речевте?
5. Би го прекршиле ли законот за да спасите некој што го сакате?

6. За која работа сте сигурни дека ја правите на поинаков начин од останатите?
7. Што сакате најмногу да реализирате и зошто уште не сте го сториле тоа?
8. Што мислите, што ве дефинира најмногу како личност?
9. Дали самите би одбрале пријател каков што сте вие?
10. Дали досега се реализирал вашиот најголем страв?
11. Се сеќавате ли на некоја работа за која сте биле особено вознемирени пред пет години и колку е сега тоа важно?
12. Ако добиете на лотарија, што прво ќе направите?
13. Ако знаете дека утре ќе ги изгубите сите блиски, кого прво ќе го посетите?
14. Што би направиле поинаку кога би знаеле дека никој не би ви судел за постапките?
15. Ако човек учи од грешките, тогаш зошто сите се плашат да направат грешка?
16. Пет години отсега ќе се сетите ли што сте правеле вчера?
17. Имате ли чувство дека овој ден сте го проживеале стотина пати досега?
18. Да ја имате приликата да се преселите, каде би заминале и зошто токму на тоа место?
19. Да можете да се вратите назад, дали би ја одбрале истата професија?

20. За што сте најмногу благодарни во животот?
21. За која работа се преправате дека не ја знаете вистината?
22. Да не се плашевте што е првата работа што би ја сториле во моментов?
23. Што е она што можете да го направите сега, а не сте можеле пред една година?
24. Кој е вашиот најголем проблем во моментов?
25. По што би сакале да ве паметат?