
Можете да се заразите со сексуално пренослива болест преку тоалетна школка
Сексуално преносливите болести и инфекции не можат да живеат долго кога се надвор од телото. Особено не на место како што е тоалетната школка. Освен тоа, тие не се присутни во урината, така што шансите да се заразите на овој начин се практично невозможни.
Не може да забремените при првиот сексуален однос
Може да ви се чини дека шансите се на ваша страна, но мора да знаете, можноста да забремените при првиот секс е иста како и секој пат после тоа.
Не може да забремените за време на менструација
Не е вообичаено, но сепак е возможно. Особено ако не користите заштита. Кај некои жени циклусот трае подолго и се поклопува со овулацијата, што значи дека може да бидат плодни иако имаат менструација.
Жените треба да направат ПАП тест штом наполнат 18 години
Овие тестови не се препорачуваат во првите три години од сексуалната активност на жената, односно не пред да навршат 21 година. Во најголемиот дел од случаите на ХПВ, вирусот се чисти сам од себе по три години. Во случај да се задржи подолго ПАП тестот кој се прави подоцна ќе ги открие трагите.
Таблетата „ден потоа”, предизвикува абортус
Таблетата која се пие „ден потоа” не е исто што и RU-486 која поттикнува абортус. Тоа накратко значи следново, ако сте бремени и испиете едно од апчињата за „ден потоа”, тоа нема да направи ништо за вас.
Апчињата за контрацепција дебелеат
Иако никогаш не била докажана корелацијата помеѓу апчињата за орална контрацепција и зголемувањето на телесната тежина, жените уште веруваат дека покачениот број килограми се должат токму на овие апчиња.