
Стразбур е град исполнет со различни стилови и автентичен менталитет.
Посетителите можат совршено да го поминат времето во градот кој изобилува со многу богатство. Тука се и рестораните, кафулињата и баровите, но и неизбежното Рајнско вино. Ова е град во кој се забораваат сите проблеми, и се препорачува за одмор и релаксација.
Станува збор за космополитски град со долга и богата историја, сместен на крајот од Источна Франција. Во центарот на провинцијата Алзас се наоѓаат седиштето на Европскиот парламент, Советот на Европа и Евроспкиод суд за човекови права.Во средиштето на стариот град кој е испресечен со канали и стрмни улички, се наоѓа катедрала од розекаст камен, а во Сразбур постои и катедрала Нотр Дам, во мешавина од готски и ренесансни стилови.