Преку еротска масажа на градите може да се доживее „земјотрес“ од оргазам

popara18 септември, 20141min00
7

Женските гради имаат многу повеќе улоги, отколку што можете да замислите, една од нив е особено важна – преку еротска масажа на градите може да се доживее „земјотрес“ од оргазам.

Покрај својата примарна функција, градите се претвораат и во афродизијак за мажите и еротски играчки во нивните раце, способни да ги возбудат сите нивни желби спрема вас. А дури и само со гледање, без допир, градите во секси костим за капење, под влажна маица успеваат да ја разгорат машката фантазија на поинакво ниво.

 

Сепак, освен стимулирање за силната половина на човештвото, градите, или попрецизно стимулацијата може да побуди голем ефект и врз самите вас, дотолку што еротската масажа на градите може да ви подари вознемирувачки оргазам … без секс.

Се верува  дека овој оргазам е исклучително ретка појава, дури дека е сосема ново, непознато сексуално искуство. Всушност оргазмот преку стимулација на градите е стар колку светот. Само треба да знаете како да го пронајдете патот до него.

Некои жени сакаат нежни милувања, вклучувајќи галење, бакнување, нежно триење и грицкање на брадавиците, а други преферираат повеќе грубост. Но, кај  сите беспрекорен ефект има иритацијата преку продолжената стимулација околу брадавиците преку кружни суптилни движења со прстите. Следува ненадејната концентрација на брадавиците со бакнежи и вшмукување,  додека продолжува стимулацијата на градите со цели дланки.

Со зголемувањето на возбуда, градите малку се зацврстуваат, брадавиците се подигаат  и умерено продолжуваат да го зголемуваат волуменот со цели 25% проценти, а паралелно со тоа се зголемува и чувствителноста. Така со секој следен допир и стимулирање на градите, чувство се засилува и наликува токму  на она што го чувствувате пред достигнувањето до вагинален оргазам. Енергичната стимулација на брадавиците одекнува во пулсирачко задоволство, додека не експлодирала во бурен оргазам.

За да дојдете до врвот на сексуалната возбуда преку стимулација на градите, треба да сте целосно опуштени, физички и психички, да верувате на вашиот партнер и да се чувствувате удобно во неговото присуство и особено кога ве допира. И не на последно место, треба да сте трпеливи, бидејќи се потребни во просек околу 20 мин. непрестано стимулирање, за да настапи моментот на врвно задоволство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag