
Оралниот херпес е честа инфекција во областа на устата. Предизвикан е од херпес симплекс вирусниот тип 1 (ХСВ-1). Повеќето луѓе во светот биле инфицирани од херпес барем еднаш пред 20-годишна возраст.
После првата инфекција, вирусот „заспива“ во нервните ткива на лицето. Понекогаш вирусот повторно „се буди“ (се реактивира) и предизвикува болки и отекување на конкретното место.
Можете да го добиете вирусот ако:
-Имате интимен или персонален контакт со некој кој е заразен,
-Допрете нешто што е инфицирано со вирусот, како инфициран брич, марамче, садови, или други предмети кои ги споделувате со заразениот.
Како се лечи?
Симптомите можат да исчезнат и после 1 до 2 недели без лечење.
Вашиот матичен лекар може да ви обезбеди лекови за да се борите против вирусот. Овие лекови се нарекуваат антивирусни медикации. Ќе помогнат да се намали болката и ќе направат вашите симптоми да ги снема што порано. Можат да се користат следниве лекови:
– Авикловир
– Фамцикловир
– Валацикловир
Најдобро е ако овие лекови се примаат уште пред да се формира отокот, кога уште имате симптоми на сушење на устата. Ако вашата уста е постојано сува и изгледа како да треба да се формира херпес, веројатно би требало постојано да ги примате овие лекови.
Но и овие домашни процедури се ефикасни и ќе ви помогнат:
Ставете мраз на топла чиста крпа на отоците да ја намалите болката.
– Мијте го отокот нежно со антисептичен сапун и вода. Ова ќе помогне да се спречи ширење на вирусот на други делови од лицето и телото.
– Одбегнувајте топли пијалаци, зачинета и солена храна, и цитрон.
– Правете гаргара со студена вода или јадете сладолед.
– Плакнете ја устата со солена вода.
– Пијте лек за олеснување на болката како ацетаминофен (тиленол).
httpv://www.youtube.com/watch?v=-FIeA_kAqok